Tuesday, April 26, 2016

Лекции инспирирани од моќните квалитети на позитивните луѓе

 

Што го усреќува човекот и не е некоја голема мистерија. Можат да се извлечат многу моќни лекции од позитивните луѓе кои умеат да си ја исполнат душата со задоволство, развлекувајќи насмевки на сопствените и на туѓите лица.
Среќа

Чашата е секогаш полуполна

Песимизмот води до слабост, оптимизмот до моќ. Позитивните луѓе знаат дека песимизмот е непресушен извор на стравови и дека го тренира мозокот секогаш да ги бара евентуалните потешкотии во можностите, да се фокусира на пречките наместо на достигнувањето на целта. Ним им е кристално јасно дека не можат да видат виножито ако со погледот секогаш нуркаат надолу.
Многумина го оценуваат ваквиот оптимистички став како фантазерски, но бидете сигурни дека позитивните луѓе се всушност прилично практични и реално приземјени.

Жалењето е залудно потрошено време

Што навистина ќе постигнете доколку животот секојдневно си го исполнувате со жалби и поплаки? Позитивните луѓе знаат дека влегувањето во улогата на „жртва на околностите/животот“ е залудно трошење на време и енергија и единствено може да доведе до негативни и деструктивни мисли, од кои не произлегува ништо добро.

Амбицијата е дел од сложувалката

Многумина бродат низ животот со мислата „Што е твое, ќе си дојде“. Среќните луѓе не го препуштаат својот живот на судбината. Тие храбро ја преземаат иницијативата, водени од убедувањето дека секогаш е најдобро да се танцува во ритамот на сопствената музика.

Клучот е во жилавоста

Позитивните луѓе знаат како да го надитрат неуспехот и да го искористат како трамбулина за повторно да се вивнат нагоре. Тие жилаво се исправуваат по секој пораз, не заборавајќи ја јапонската изрека „Падни седум пати, стани осум“.
Среќа

Зјапајте во ѕвездите

Потонувањето во убавината на бесконечното ѕвездено небо не ги брише проблемите на среќните луѓе, но им напомнува колку мали се тие. Ѕвездената „терапија“ им помага да го зачуваат оптимизмот и со него да ги рушат ѕидовите пред себе.

Показалецот не треба секогаш да е насочен кон другите

Да, животот не е фер и одвреме-навреме и најсреќните лица чувствуваат на сопствена кожа удари иницирани или засилени од некој друг. Но, нивниот показалец не е постојано насочен кон другите. Тие знаат да излезат од магичниот круг на посочување и обвинување за да им се избистри погледот и да го обмислат својот следен чекор, а умеат и понекогаш да го свртат показалецот кон себе, мотивирајќи се да станат подобра личност.

Човекот учи додека е жив

За среќните луѓе можноста да се апсорбира знаење не завршува во училишните или факултетските клупи. Тие се доживотни ученици и непрестајно работат на сопствената надградба. Имаат страст за животот, а нивниот ум е постојано жеден за нови информации и искуства.
Знаењето е моќ која не може да ви биде лесно одземена и може да ве направи само посилни.

Учтивоста пред сè

Позитивните луѓе се скромни и умеат да се извинат и да ја признаат својата грешка кога е потребно. Ова воопшто не го сметаат за погазување на гордоста, туку за своја предност.
Сигурни се во своите можности и потенцијалот кој го поседуваат, но не и арогантни. Можеби затоа работите толку лесно им одат од рака.
Среќа

Среќата се крие во малите нешта

Позитивните луѓе се водат според изреката „Ситниците го прават животот“. И додека за други ова изгледа апсурдно и смешно, среќните лица се доказ дека тоа не се само празни зборови.
Секој момент за нив е скапоцен. Замислете зајдисонце во кое се мешаат боите на природата. Додека песимистот започнува да се грижи за утрешниот ден и ментално минува низ обврските кои го очекуваат, среќниот човек ужива во моментот, во убавината која му ги заслепува очите, и е благодарен за денот кој го проживеал. Неговата мисла е дека посакува секој нареден ден да му завршува со волшебно зајдисонце.

Прегрнете ја промената

„Сè се движи, сè се менува“. Среќните луѓе се доволно умни за да знаат дека промената е единствената константна работа во животот и колку побрзо се прифати со позитивна мисла, толку помалку адаптацијата ќе делува страшно и тешко.
Среќа

Смеата е најдобар лек

Рецептот за среќа не е воопшто сложен, а една од клучните состојки е – насмевката. Моќта на насмевката е неоспорна и може да промени навистина многу.
Смејте се секој ден, без разлика колку и да изгледа тешко понекогаш. Смислата за хумор не е генетска предиспозиција со која се раѓаме, туку таа се развива со волја и позитивен став. Позитивните луѓе не ги сфаќаат ниту сериозно ниту трагично шегите на сопствена сметка. Напротив, честопати се иницијатори на нивното споделување.

Постои време и место за сè

Зошто некои луѓе постојано имаат енергија и неугаслив ентузијазам? Веројатно затоа што внимателно ги одбираат „битките“ и времето и местото за нив.
Тие не дозволуваат мислите да им бидат затруени со песимизам. Внимателни се, методични и рационални и не дозволуваат да си ја трошат енергијата на небитни луѓе или ситуации во кои препознаваат дека нема да излезат како победници. Тајмингот е сè во животот.

 

10 намирници за прочистување на крвните садови

 

Крвните садови се тубуларни структури преку кои се транспортира крвта до ткивата и органите. Во зависност од тоа каква крв пренесуваат, разликуваме артерии и вени. Артериите се крвни садови кои ја пренесуваат крвта богата со кислород, за разлика од вените кои ја пренесуваат крвта со јаглероден диоксид.
Градбата на ѕидот на артериите се состои од 3 слоеви: внатрешен, среден и надворешен слој. Кога во внатрешниот слој започне акумулирање на атероматозни плаки (депозит од калциум, масти, холестерол, фибрин), луменот на артеријата се стеснува и се отежнува протокот на крвта. Губењето на еластичноста и задебелување на ѕидот на крвните садови како разултат на создавање на атероматозни плаки е познато како атеросклероза.
Високото ниво на ЛДЛ (лош холестерол), ниското ниво на ХДЛ (добар холестерол) и покачениот крвен притисок се најчестите причини за создавањето на овие плаки.
Храната може да ги заштити ѕидовите на крвните садови и да го намали создавањето на атероматозните плаки.
Еве кои намирници ќе ви помогнат да го зачувате здравјето на вашите крвни садови:

Лук

Лук Најпознатиот чувар на здравјето на крвните садови е лукот. Лукот го намалува нивото на ЛДЛ (лошиот холестерол) во крвта и спречува создавање на масни наслаги во крвните садови. Најновите истражувања покажуваат дека благодарение на супстанции кои се ослободуваат при дигестија на лукот, како што е водород сулфидот, крвните садови се релаксираат и со тоа се зголемува крвниот проток.
Вклучете најмалку 1 до 4 чешниња лук во секојдневното мени. Најдобро е да го консумирате сиров, но може да го додадете во супи и приготвени јадења во комбинација со разни зеленчуци и месо.

Маслиново масло

Маслиново масло Поради есенцијалните масни киселини, маслиновото масло успешно го намалува нивото на лош холестерол и го покачува нивото на добар холестерол. Дополнително, малиновото масло е богато со антиоксиданси и полифеноли, супстанции кои спречуваат создавање на масни наслаги во крвните садови.

Лубеница

Лубеница Освен што е вкусна, лубеницата е и чувар на здравјето на крвните садови. Ова овошје е природен извор на аминокиселнината Л-цитрулин, која помага во намалување на инфламацијата на крвните садови и намалувањето на крвниот притисок.
Затоа, секогаш кога сте во можност, послужете ја лубеницата на вашата трпеза и направете овошната салата или свежо исцеден сок од лубеница.

Бадеми

Бадеми Овие јаткасти плодови кои изобилуваат со незаситени масни киселини, помагаат во регулирање на холестеролот. Освен тоа, бадемите се богати со магнезиум, кој спречува создавање на масни наслаги на крвните садови.
Консумирајте 3 до 5 пати неделно по една рака сирови бадеми.

Брокули

Брокули Брокулите се богати со витаминот К, со чија помош се спречува калциумот да го оштети ѕидот на крвните садови. Покрај тоа, овој зеленчук изобилува со сулфорафан, супстанција којашто му помага на организмот да користи протеини со цел спречување на формирањето на масни наслаги во крвните садови.
Докажано е дека вклучувањето на брокула најмалку 2 до 3 пати во неделното мени, ќе помогне во прочистување на крвните садови. Најдобро е овој извонреден зеленчук да го консумирате сиров, приготвен на пареа или на скара.

Лосос

Лосос Лососот изобилува со омега-3 масни киселини кои го покачуваат нивото на добриот холестерол и се борат против создавањето на масни наслаги во крвните садови. Дополнително, лососот го регулира нивото на триглицеридите и ја намалува инфламацијата на крвните садови.
Се советува консумирање на 2 порции лосос неделно. Најдобро е да се приготви на пареа или на скара.

Авокадо

Авокадо Високото ниво на лош холестерол го стимулира создавањето на масни наслаги во крвните садови. На сметка на тоа, крвните садови ја намалуваат својата еластичност и се стеснува луменот, со што се оневозможува непречен проток на крвта. Авокадото помага во намалување на нивото на лошиот холестерол со што индиректно се спречува развојот на овие процеси.
Дополнително, авокадото изобилува со витамин Е, кој помага во намалување на крвниот притисок.
Доколку сте во можност, консумирајте по едно авокадо на ден. Може да го вклучите во вашето секојдневно мени како намаз на леб или во салата.

Портокал

Портокал Научниците веруваат дека благодарение на високата концентрација на витамин Ц и полифеноли коишто во изобилство ги содржи портокалот, се прочистуваат крвните садови и се обезбедува непречен проток на крвта.

Ленено семе

Ленено семе Лененото семе е еден од најдобрите извори на алфа-линолеинска киселина (омега-3 масна киселина). Со помош на омега-3 масните киселини се намалува крвниот притисок и се прочистуваат крвните садови од масните наслаги, па затоа не заборавајте во следниот оброк да го вклучите лененото семе.

Аспарагус

Аспарагус Благодарение на богатата комбинација на минерали и витамини, вклучувајќи ги К, Б1, Б2, Ц и Е, аспарагусот е една од најдобрите намирници за прочистување на крвните садови. Овој зеленчук го намалува крвниот притисок и помага во борба против разни кардиоваскуларни болести.
За максимално да ја извлечете хранливата вредност на аспарагусот, јадете го сиров или пригответе го на пареа.